Ефимова и Сјостром ја „удавија“ конкуренцијата во Глазгов

Русинката Јулија Ефимова го заврши Европското првенство во пливање во Глазгов со пет медали, од кои четири златни. Таа денеска триумфираше на 50 метри градно и го комплетираше апсолутниот успех на овој шампионат. Ефимова ги освои и титулите на 100 метри  и на 200 метри градно и со штафетата на 4 x 100 метри мешано. Сребрен медал освои со мешаната руска штафета на 4 x 100 метри мешано.

И Швеѓанката Сара Сјостром има четири златни медали од првенството во Глазгов и тоа сите во индивидуални дисциплини. Последната ја освои денеска, на завршниот ден со победата на 50 метри пеперутка. Универзалната пливачка, претходно триумфираше и  на 50 метри  и на 100 метри слободно како и на 100 метри пеперутка.

Со три златни медали од Глазгов си заминува италијанската специјалистка за подолгите делници, Симона Квадарела. Таа на завршната сесија освои злато на 400 метри слободно, а претходно дојде и до титулите на 800 метри  и на 1500 метри слободно.

Се вчитува...