ЕХФ им го одзеде сребрениот медал на Русинките

 Европската ракометна федерација и го одзеде сребрениот медал на женската јуниорска репрезентација на Русија од ланското ЕП (У19) во Словенија.

Санкциите од ЕХФ се изречени поради позитивните допинг тестови на три руски ракометарки. Освен одземениот медал, Русија ќе треба да плати и парична казан од 20.000 евра.

Првичната казна за Русија беше и двегодишна суспензија од натпреварувањата во оваа категорија, но на крај тоа е ублажено со изречена условна казна од две години.

Се вчитува...