ЕХФ пред ждрепката за ЕП: Македонија во третиот шешир

Женската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман на ЕП 2024 што од 28 ноември до 15 декември годинава ќе се одржи во Австрија, Унгарија и во Швајцарија.

ЕХФ денеска и официјално ги објави шеширите за ждрепката за групната фаза што е закажана за четврток, а интересно е што Македонија не се наоѓа во најслабиот четврти шешир. Нашите ракометарки ќе ја дочекаат ждрепката од третиот шешир, што им овозможува како противник да ги избегнат селекциите на Словенија, Хрватска, Полска, Србија и Исланд.

Доколку имаме среќа на ждрепката и добиеме нешто послаб ривал од четвртиот шешир, сосема реално е да се надеваме и на прва победа на меч од ЕП по повеќе од една деценија пауза. Во првиот шешир се сместени селекциите кои важат за „крем“ на женскиот ракомет, а во вториот напосакуван ривал би ни бил ко-домаќинот Швајцарија.

Се вчитува...