Голманот на Вардар, Дејан Милосављев ја има третата најдобра одбрана во изборот на ЕХФ, по првите четвртфинални мечеви во Лигата на шампионите. Тој беше еден од инспираторите на убедливиот триумф (31-23), а на фантастичен начин го скроти ударот на Шоштариќ од десната крилна позиција.
Најдобрата одбрана ја има Владимир Цупара, српскиот интернационалец кој бранеше неверојатно на голот на Кјелце во триумфот (34-24) над ПСЖ. Најдобрите пет одбрани во изборот на ЕХФ можете да ги погледнете на следниот линк
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА