ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Италијанскиот фудбал од денеска се враќа во понудата за обложување, а билтените за викендов се побогати и за натпревари во Шпанија…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Јувентус – Милан            1 и 2+

Првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија во Милано заврши 1-1, па сега Јувентус е голем фаворит за пласман во големото финале.

Роналдо и Дибала се „фит“ за да го предводат Јуве во оваа пресметка, додека на спротивната страна „росонерите“ ќе бидат значително ослабени. Дефанзивецот Мусачио им се приклучи на Ибрахимовиќ и на Дуарте на листата на повредени, а ако се знае дека суспендирани се Кастилјехо и Тео Хернандез јано е колкави се главоболките на тренерот Пиоли.

Јасно е дека Јувентус е огромен фаворит за победа на овој натпревар, во кој „старата дама“ нема да тактизира и ќе тргне во офанзива кон голот на Донарума.

 

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Динамо Д. – Хамбургер           2 и 2+

Фенербахче – Кајсериспор      1 и 2+

Локомотива З. – Динамо З.    3+

Спортинг Л. – П. Фереира       3+

Се вчитува...