ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Бројни интересни натпревари се денеска на програмата на фудбалските терени ширум Европа…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Р. Сосиедад – Осасуна           1 и 2+

Паузата поради коронавирусот дојде во најлош момент за Реал Сосиедад, клубот од Баскија се наоѓаше во одлична форма пред паузата, бележејќи четири победи и еден пораз (од Барса на „Камп Ноу“) во последните пет кола и обезбедувајќи учество во финалето од Копа дел реј. Сега тимот од Сан Себастијан ќе се обиде да продолжи во ист ритам, атакувајќи на три бода против Осасуна, со што Реал Сосиедад би се задржал на четвртото место во трката за пласман во ЛШ.

„Сино-белите“ забележаа победи на последните четири средби на домашен терен, притоа примија само еден гол, серија што се очекува да ја продолжат и против Осасуна. Овие два тима сезонава се сретнаа и во Копа дел реј, при што Реал Сосиедад славеше пред своите гледачи со 3-1, а воедно и ја доби лигашката пресметка на гостински терен против Осасуна со 3-4.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Карлсруе – Штутгарт          3+

Ризе – Галатасарај               3+

Славија П. – Злин                1 и 4+

Горњик – Легија                   2 и 2+

Се вчитува...