ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Интересни натпревари се денеска на програмата во неколку европски лиги, ова се нашите предлози за типување…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Валенсија – Осасуна           1

Валенсија загуби на дербито со Реал во минатото коло, меч на кој исходот можеше да биде поинаков доколку на „лилјаците“ не им беше поништен гол со ВАР при резултат 0-0. Дуелот со Осасуна е идеална можност за враќање на победнички патеки, пред се ако се земе во предвид традицијата. Последните пет натпревари на „Месталја“ завршиле со пет победи на Валенсија, од кои дури четири се со најмалку три гола разлика (4-1, 3-0, 4-0, 2-1, 4-0).

Осасуна последен пат останала непоразена на „Месталја“ пред десет години (3-3), овој тим е стабилен на средината на табелата, додека Валенсија мора да слави за да фати приклучок во борба за излез во фудбалска Европа.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

А. Вила – Челси                 2 и 2+

Селта – Алавес                   1

Аталанта – Сасуоло          1 и 3+

Р. Сосиедад – Реал М.      ГГ 3+

Се вчитува...