ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Денеска на терените ширум Европа ќе истрчаат Порто, Бенфика, Тотенхем, Лестер, Барселона, Атлетико Мадрид, Џенова, Удинезе… Ова се нашите предлози за денешниот ден.

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Тотенхем – Вест Хем            1 и 2+

„Спарси“ одиграа одлично прво полувреме на дербито со Јунајтед, на крајот ремизираа против „црвените ѓаволи“, но јасно е дека ќе мора експресно да се вратат на победнички патеки ако сакаат да си ги задржат шансите во борбата за ЛШ.

Деле Али и Лукаш Моура се враќаат во тимот по одлежаната суспензија, па заедно со Кејн, Сон и Бергвијн, стратегот Жозе Мурињо конечно ќе ги има сите офанзивни опции на располагање. Тотенхем е без победа на последните четири средби на домашен терен, но мечот со Вест Хем е идеален за прекин на таа серија. „Чеканите“ претрпеа порази на последните шест премиерлигашки гостувања, притоа примајќи 13 погодоци. Воедно, Вест Хем е и тимот со најслаб ефект во последните осум кола, освојувајќи само четири бода од можните 24.

Покрај тоа, гостите ќе бидат значително ослабени со неиграњето на Халер и Снодграс, а неизвесен е и настапот на дефанзивецот Огбона.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Лестер – Брајтон                    1

Џенова – Парма                     1х и 2+

Торино – Удинезе                 1

Бенфика – С. Клара             1 и 3+

Се вчитува...