ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Богата понуда со натпревари од бројни европски држави, ова се нашите предлози за денеска…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Блекбурн – Лидс                 2 и 2+

Џани Алиоски и соиграчите во минатото коло се „лизнаа“ на домашен терен против Лутон, но денешното гостување во Блекбурн е идеална можност за враќање на победнички патеки и уште еден чекор напред кон влезот во Премиер-лигата. Во прилог на Лидс оди и слабата форма на домаќинот, фудбалерите на Блекбурн загубија на последните две средби со Виган и со Барнсли без да постигнат ниту еден гол (2-0, 2-0).

И традицијата е на страната на Лидс, кој има пет победи и едно реми на последните шест дуели против Блекбурн, вклучувајќи го и триумфот од 2-1 на „Иланд Роуд“ во првиот дел од сезоната.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Лестер – Кр. Палас                1 и 2+

Челси – Ватфорд                    1 и 3+

Валјадолид – Алавес             1х и 2+

Лацио – Милан                       1х и 2+

Се вчитува...