ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Интересни натпревари се на програмата, ова се нашите предлози во обид да се стигне до добивка…

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Болоња – Џенова        1 и 2+

Болоња слабо ја стартуваше сезоната, но откако Михајловиќ ја доби најважната битка и се врати на клупата, неговиот тим игра одличен фудбал. „Болоњезите“ на последните три средби освоија максимални девет бода, во минатото коло среде Рим ја совладаа Рома, па сега се очекува во ист стил да продолжат и на домашен терен против Џенова, во обид да ја скокнат Верона во трката за шестото место кое носи во Лигата на Европа.

Џенова е единствениот тим без ниту една победа на гостувањата во досегашниот дел од „Серија А“, а Пандев и соиграчите тешко дека ќе можат да ја прекинат оваа црна серија токму на „Ренато Дал Ара“.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Барселона – Хетафе             1 и 2+

Лидс – Бристол Сити           1 и 2+

Бенфика – Брага                   3+

Аталанта – Рома                    1

Се вчитува...