ЕКИПА 1Х2: Сингл и тикет на денот

Вечерва се игра „Ел Класико“ во Мадрид, вечното дерби во Белград, а нашиот предлог за сингл на денот е од дуел во францускиот шампионат.

СИНГЛ НА ДЕНОТ

Лион – С. Етјен                1 и 2+

Лион минатиот викенд ја прекина серијата од четири меча без триумф во францускиот шампионат, по која овој тим падна кон средината на табелата. За Руди Гарсија и неговите избраници нема дилеми, мора да се победи Сент Етјен за да се фати приклучок во битката за места кои водат во ЛШ. Домаќините ќе бидат преполни со самодоверба по одличното издание и заслужената победа над Јувентус во Лигата на шампионите, па се очекува со слично издание да прокнижат значајни бодови.

Во прилог им оди и очајната форма на Сент Етјен на гостувањата, овој тим има шест порази на последните шест средби надвор од својот стадион.

ТИКЕТ НА ДЕНОТ

Алборг – Елверум                1 хенд.

Еспањол – Атлетико М.     2

Арминија – Вехен                1 и 2+

Лајпциг – Баер Л.                1 и 2+

Се вчитува...