ЕКИПА Топ 5: Идеална петорка на 15. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Петнаесеттото коло од Првата кошаркарска лига ни донесе четири интересни натпревари во кои фаворитите стигнаа до нови победи. Пелистер славеше лесно против Кожув, МЗТ Скопје со серија од 15-0 стигна до победа на гостувањето во Куманово, ТФТ го доби гостувањето кај МЗТ Скопје 2, а Еуро Никел славеше над Академија ФМП.

Во идеалната петорка на колото се најдоа Марјан Младеновиќ кој во победата над гевгеличани забележа 15 поени со перфектна реализација од поле (6/6), а згора на тоа додаде и 4 асистенции. Тука се и двајцата кошаркари на ТФТ, Александар Костоски и Амир Смит кои одиграа одлично во „Јане Сандански“.

Бекот натпреварот го заврши со 17 поени со пет реализирани обиди од осум за три поени, 5 скока и 5 асистенции, додека центарот блесна со дабл-дабл од 21 поен и 15 скока на кои додаде и 2 блокови.

Покрај нив тука се уште Ивица Димчевски кој имаше свое шоу во „Јасмин“ погодувајќи седум обиди за три поени, притоа завршувајќи го натпреварот со 23 поени и 7 скока, како и Бојан Кретевски кој во гостинската победа на МЗТ Скопје забележа 15 поени и 6 скока, а имаше и одлична улога во одбраната во завршницата.

Се вчитува...