Екипа Топ 5: Идеална петорка на 16. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Шестнаесеттото коло од Првата кошаркарска лига донесе шест нови возбудиви дуели по кои убедливи победи на домашен терен забележаа Феникс 2010, ТФТ, Гостивар и Академија ФМП кои славеа над Кожув, Работнички, Ангели и Куманово.

Братскиот дуел во „Јане Сандански“ му припадна на првиот тим на МЗТ Скопје, додека во натпреварот на колото Пелситер остана со сто отстотен учинок откако по пресврт го доби вицешампионот Еуро Никел.

Во идеалната петорка на колото место има за Лука Стојановски, бекот на „академиците“ кој постигна 24 поени, 7 скока и 4 украдени топки, Адем Мекиќ кој со дабл-дабл од 14 поени и 10 скока го предводеше актуелниот шампион, Никола Малешевиќ кој беше енигма за кавадарчани со 26 поени и 5 скока, како и Александар Тодоровиќ и Амир Смит кој „царуваа“ под обрачите.

Србинот мечот го заврши со 17 поени, 9 скока и 4 асистенции, додека Американецот повторно беше на чекор до дабл-дабл проследен со 15 поени и 8 скока.

Се вчитува...