Екипа Топ 5: Идеална петорка на 17. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Седумнаесеттото коло од Првата лига ни донесе нови шест возбудливи дуели во кои Александар Петровиќ и Никола Божиновски дебитираа со победи на клупите на МЗТ Скопје и Академија ФМП над Работнички, односно МЗТ Скопје 2.

Гостивар ја продолжи победничката серија на седум триумфа едно по друго по мечот против новајлијата Феникс 2010, додека серијата победи на ТФТ се искачи на три во низа по дуелот со Ангели, а на победите им се вратија и Еуро Никел и Пелистер кои славеа над Кожув и Куманово.

Место во иделаната петорка на колото има за Ијасу Ворку кој во победата на „сино-белите“ повторно беше блиску до трипл-дабл учинок од 15 поени, 10 асистенции и 8 скока, Ландирус Хортон кој ги предводеше „црно-белите“ со дабл-дабл од 23 поени и 11 скока, Филип Бакоч кој мечот во Аеродром го заврши со 18 поени и само два промашени обиди за два поени (9/11), 8 скока и 4 асистенции.

Никола Малешевиќ беше еден од лидерите на Пелистер во Куманово со 18 поени и 5 асистенции, додека Хуан Дејвис беше „икс-факторот“ во вечното дерби со 21 поен и реализација 5/7 за три на кјои додаде и 8 скока.

Се вчитува...