Екипа Топ 5: Идеална петорка на 18. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Изминатиот викенд на кошаркарските терени во Македонија беше одиграно 18. коло од Првата лига во кои до нови победи стигнаа Пелистер кој славеше над МЗТ Скопје 2, ТФТ кој го доби Гостивар, МЗТ Скопје кој лесно славеше над Ангели, Кожув кој им се врати на победи во мечот со Куманово, ФМП кој го совлада Работнички и Еуро Никел кој славеше против Феникс 2010.

Место во иделаната петорка на колото има за Џексон Дубински кој беше расположен во реализацијата во СЦ „Јане Сандански“ завршувајќи го мечот против новалијата со 25 поени (5/6 за три) и 8 асистенции. Стефан Крстајиќ кој во триумфот над најтрофејниот тим запиша 25 поени и 6 скока, додека одличен меч одигра и Максим Митевски кој во Битола постигна 26 поени со реализација 10/13 за два поени.

Ландриус Хортон беше енигма за гостиварци со дабл-дабл од 32 поени и 15 скока, додека дабл-дабл учинок забележа и Илија Колев кој против „сино-белите“ постигна 13 поени, 12 скока и 6 асистенции.

Се вчитува...