Екипа Топ 5: Идеална петорка на 19. коло (ФОТО)

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига.

Деветнаесеттото коло од Првата кошаркарска лига започна порано од предвиденото поради учеството на АБА-лигашите на последниот балон на АБА2 лигата па МЗТ Скопје го освои Гостивар, додека Пелистер „киксна“ во Скопје против Работнички, а беше комплетирано овој викенд со уште неколку интересни натпревари.

Во нив Кожув стигна до важна победа над МЗТ Скопје 2 во борбата за останок, додека битката за Суперлига помеѓу ТФТ и Феникс 2010 им припадна на „црно-белите“. Еуро Никел стигна на чекор до победничката фаза со триумф на гостувањето кај Куманово, додека Академија ФМП го победата во дуелот за Кисела Вода против Ангели го завери своето место во следната фаза.

Во иделаната петорка на колото место има за Дион Едвин кој во победата на најтрофејниот клуб беше на чекор до трипл-дабл учинок од 31 поен, 10 асистенции и 7 скока, како и Дарко Соколов кој со 13 поени, 7 скока и 5 асистенции го предводеше вицешампионот во Куманово.

Амир Смит со дабл-дабл од 15 поени и 16 скока на кој додаде и 4 блокови го предводеше ТФТ, додека Намди Оконкво со 24 поени, 8 скока и 5 блокови беше најефикасен во победата на Кожув во Аеродром.

Петорката на колото ја комплетира Роберт Рикиќ, хрватскиот џин од редовите на МЗТ Скопје кој беше енигма за гостиварци во натпреварот на колото. Центарот на аеродромци забележа 18 поени со само два промашени шута (8/10), а додаде и 6 скока.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

 

Се вчитува...