Екипа Топ 5: Идеална петорка на десеттото коло

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

Десеттото коло од Првата лига ни донесе одлични четири натпревари по кои на победи се радуваа МЗТ Скопје Уни Банка, кој го забележа првиот триумф меѓу најдобрите екипи во македонската кошарка, Еуро Никел кој славеше на гостувањето кај Вардар, новалијата ТФТ кој го одбрани домашниот терен во дуелот со Гостивар, МЗТ Скопје кој им се врати на победите на дуелот против Црн Дрим, и Пелистер кој ја доби средбата во главниот град против Работнички. Одложен беше само дуелот помеѓу Кожув и Куманово.

Идеалната петорка на колото ја сочинуваат играчите на МЗТ Скопје Уни Банка, Лука Савичевиќ и Роберт Монтгомери кои беа предвониците на „штрковите“ во големата победа над Академија ФМП. Македонскиот бисер натпреварот го започна од клупата, а заврши со 21 поен и реализација 6/9 за три поени, а додаде и три асистенции една украдена топка. Американецот пак оствари дабл-дабл учинок од 19 поени и 20 скока, на кои додаде и две блокади, и една украдена топка.

На оваа листа се најде и репрезентативецот Андреј Магдевски кој дуелот против Црн Дрим го заврши со 20 поени и само еден промашен шут од поле (7/8), а „ол-ароунд“ натпреварот го заврши со шест скока и седум асистенции.

Во шестата победа во низа, предводници на Пелистер беа Бојан Трајковски, кој 26 поени, девет скока и пет асистенции блесна против својот поранешен клуб, и Никола Малешевиќ кој додаде 20 поени, шест скокови и три асистенции.

Се вчитува...