Екипа Топ 5: Идеална петорка на 11. коло во Првата лига

Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.

По четири месеци македонската кошарка конечно комплетираше едно коло во предвидената рамка. Во единаесеттото коло беа одиграни сите шест натпревари, при што оваа рунда ја одбележаа големата победа на Академија ФМП над Работнички и дерби-триумфот на Пелистер над МЗТ Скопје, со кој битолчани и по осмиот одигран меч останаа со максимален ефект во елитното друштво.

Идеалната петорка на колото ја сочинуваат Димитар Караџовски, кој во победата на својот тим над стружани забележа 25 поени и 5 скока, Стефан Крстајиќ кој го предводеше тимот на Акадмија ФМП до победа над нашиот најтрофеен клуб со 30 поени, 14 скока и 6 асистенции.

Тука е и Тај Харис, кој забележа дабл-дабл учинок од 16 поени, 13 асистенции и 7 скока во победата во Кавадарци.

Центарскиот тандем доаѓа од дербито во Битола, место во овој идеален тим има за Фему Олуџоби од МЗТ Скопје (38 поени и 8 скокови), како и за Игор Кесар, кој го предводеше Пелистер во големиот триумф со 27 поени и 9 скока.

Се вчитува...