Екс-девојката на Сала: Емилијано е жив, го чувствувам тоа…

Потрагата по Емилијано Сала продолжува денеска со користење на подморница за да се најдат остатоците од авионот во кој се урна фудбалерот на Кардиф, заедно со пилотот Дејвид Иботсон. Најблиските не се откажуваат од идејата дека голгетерот го преживеал падот, а неговата поранешна девојка, Беренис Скаир, е убедена дека Емилијано се уште е жив.

„Имам надеж дека ќе се појави, дека е жив, го чувствувам тоа во себе, не можам да го објаснам. Каде е, па некаде на островот, наскоро ќе го пронајдат. Семејството чувствува дека Емилијано е жив, јас исто така верувам во тоа“ – изјави Беренис за аргентинските медиуми.

Таа е најде во фокусот на јавноста веднаш по несреќата, кога преку социјалните мрежи за падот на авионот ја обвини фудбалската мафија.

„Тоа ми беше импулсивна реакција, почувствував дека нешто чудно се случува, но немам никаква информација или доказ за такво нешто. Едноставно бев во шок по она што се случи со Сала“ – истакна Беренис, која во меѓувреме го избриша твитот со обвинувањата.

Се вчитува...