Екс германски репрезентативец казнет со 1,2 милиони евра поради малтретирање на девојка

Сегашниот фудбалер на Лион, и поранешен германски репрезентативец Џером Боатенг, мора да плати 1,2 милиони евра поради малтретирање на поранешната девојка. На некогашниот член на Баерн Минхен му се закануваше и казна од три до пет години затвор, но успеа да ја избегне.

Боатенг на средината на минатата година беше обвинет од поранешната девојка за наносување на тешки телесни повреди. Благодарение на жалбата, некогашниот стопер на Германија го избегна најлошото сценарио, но ќе мора да плати парична казна.

Неговата поранешна девојка го обвини дека ја гризнал и ја плукнал крвта по нејзиното лице, и дека ја удрил по бубрег, поради што се појавиле проблеми со дишењето.

Се вчитува...