Екс играчот на Реал Мадрид го советува Перез: Избркај ги Вини, Карвахал и Валверде!

Откако ја загуби титулата во Ла Лига, во Лигата на шампионите и одигра сезона со многу проблеми, следува „реновирање“ во Реал Мадрид. Газдата Флорентино Перез пред неколку дена распиша избори, но сега се очекува бурен летен преоден рок, со кој Перез сака веднаш да ја врати старата слава на тимот на „кралевите“.

Поранешниот голман на Реал и на шпанската репрезентација Сантијаго Канизарес, му упати директни пораки на Перез околу тоа кој треба да остане, а кој треба да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

„Овде некој потфрли, срцето на соблекувалната, а тоа има врска со капитените. Капитените ги нема. Карвахал не играше и губи влијание во соблекувалната. Валверде е отсутен и не се однесува како капитен“, рече Канизарес.

Тој упати критики и кон Винисисус Жуниор.

„Неодамна како капитен на Реал покажуваше дека тимот има 15 титули, наместо да го поднесе она што треба во оваа тешка сезона. Од него очекувам да биде поинаков играч, а не некој кој го става егото пред екипата“, изјави Канизарес.

Тој смета дека сите овие тројца треба да бидат избркани, а тоа предизвика големи реакции. Додека некои сметаат дека бил многу груб, други велат дека тој само ја покажал реалноста во моменотв на екипата.

Се вчитува...