Поранешниот младински репрезентативец Алекса Амановиќ, од Тобол направи трансфер во Астана, најдобриот тим во Казахстан. Амановиќ се наметна со добрите партии во Казахстан, што беше доволна препорака за Астана да го ангажира.
Амановиќ во минатото настапуваше за младинските категории на Партизан, па во Телеоптик, па во ИМТ Белград, Јавор Матис, а во 2020 година оди во Тобол.
26-годишниот Амановиќ има 11 настапи за младинската репрезентација за Македонија, и постигнал два гола. Игра како стопер, а може да игра и како лев бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА