Екс-селекторот на Бих критичен: Вака се играше кога Џеко беше 10 години помлад…

Легендата на фудбалот во поранешна Југославија и екс-селектор на БиХ, Сафет Сушиќ, упати отворена критика околу тактиката на селекторот Сергеј Барбарез на синоќешниот дуел со Швајцарија.

Босанците не заслужија така убедлив пораз од 1-4, но Сушиќ како и голем дел од јавноста во оваа земја беа преразочарани од слабата креација на својата селекција.

„Штета, да не беше црвениот картон најверојатно ќе завршеше 1-0, овие 4-1 дефинитивно се резултат што не го заслужуваме… Сепак, ако говориме за играта не можеме да бидеме задоволни. Погледнете ја статистиката, Швајцарија имаше 62% посед на топката, а причината е едноставна, цело време ни недостига еден играч на средината од теренот. Ние сме една од ретките репрезентации што играме со двајца класични напаѓачи, така едноставно не може… можеби можело кога Џеко бил десет години помлад, а крај него беше Ведад Ибишевиќ. Вака, да играш против селекција што реално е подобра од тебе, да почнеш со двајца напаѓачи и да загубиш човек на средината, тоа е недозволиво“, истакнува Сушиќ.

Се вчитува...