Екстра засилување за битолчани – Стефан Крстајиќ од ФМП во Пелистер

Академија ФМП и покрај тоа што се избори за место во Суперлигата, поради неможноста да го промени видот на трговско друштво нема да се натпреварува со најдобрите шест тима во мак-баскетот, а тоа значи и заминување на најдобрите кошаркари од Кисела Вода.

Еден од нив е и Стефан Крстајиќ кој „сино-црвените“ бои ќе ги замени со „зелено-белите“ на Пелистер. Бекот кој веќе две сезони е во македонската кошарка се наметна како еден од најдобрите странци, а добрата игра од претходната сезона ја преслика и во новата со просек од 19.0 поени, 4.4 скока и 2.6 асистенции по натпревар.

Лидерот на табелата во Србинот добивa екстра засилување во обидот да се освои првиот лигашки трофеј, но останува да видиме дали по ангажманот на 27-годишникот ќе следи и заминување на кошаркар со оглед на тоа што тимот веќе има четири странци во своите редови.

Се вчитува...