Четвртата тенисерка во светот Елена Рибакина се повлече од турнирот во Рим само еден час пред првиот меч на „Форо Италико“. Рибакина требаше да ја брани титулата освоена минатата сезона, но таа се повлече поради болест.
На нејзино место ривалка на Ирина-Камелија Бегу ќе и биде Оушан Додин. Рибакина минатата недела играше во Мадрид, каде стигна до полуфиналето.
До таа средба со Арина Сабаленка беше во серија од осум последователни победи, откако го освои и турнирот во Штутгарт. Оваа сезона освои уште две титули на почетокот на годината во Бризбејн и во Абу Даби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА