Елиф Елмас сезонава е апсолутен рекордер во европскиот фудбал, како играч што најчесто влегува на теренот од клупата за резерви.
Последниот меч против Специја беше вкупно 29. сезонава на кој Елмас не беше стартер, но доби доверба од Гатузо да влезе во игра во второто полувреме. Италијанските медиуми пресметаа дека Елмас сезонава во Серија А настапил на 32 средби за „наполитанците“, но на само три од нив бил стартер. На останатите 29, тој влегувал во игра како замена, или за член на напаѓачкото трио (најчесто наместо Инсиње или Мертенс), или пак за освежување на средниот ред место Зиелински или Фабијан Руиз.
Оваа бројка од 29 меча како резерва е рекорд сезонава во европскиот фудбал. Зад Елмас на листата на играчи кои најчесто влегувале како резерви се Свен Шиплок од Арминија со 25 и Акпа Акпро од Лацио и Тринсао од Барселона со по 24 меча како „џокери од клупата“ на своите екипи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА