Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во првата сезона во Италија успеа да освои трофеј со Наполи. Тимот на Џенаро Гатузо на пенали (4-2) го доби финалето на Купот на Италија против Јувентус. По 90 минути на „Олимпико“ немаше голови, а „наполитанците“ беа многу подобри изведувачи на ударите од 11 метри.
Елиф Елмас влезе во финишот и ја имаше најубавата шанса за да го реши финалето пред пеналите. Во судиското продолжение, Елмас од пет метри шутираше, но Џанлуиџи Буфон ја скрати радоста на македонскиот суперталент, да се запише и во листата на стрелците. Сепак, неговите соиграчи го донесоа куп-трофејот од белата точка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА