Елмас: Беше чест и задоволство да делам пет години од мојот живот со легенди како Пандев и Ангеловски (ФОТО)

Елјиф Елмас со објава на социјалните мрежи им се заблагодари на Игор Ангеловски и Горан Пандев за незаборавните пет години кои ги имаше со нив во репрезентацијата на Македонија.

„Чест ми беше да ги делам овие пет години со две вакви легенди на македонскиот фудбал и голема благодарност што ја направивте цела Македонија горда. ЕВРО 2020 беше едно големо искуство и се надевам дека во иднина ќе има уште вакви успеси. Благодарам на поддршката на целиот македонски народ“, напиша Елмас. 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)

Се вчитува...