Италијанскиот Наполи е заинтересиран за услугите на македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски пренесува „Тутоспорт“. Раководството на тимот од Неапол бара замена за Гулам, а како главна цел е Алиоски кој игра одлична сезона во англискиот премиерлигаш Лидс.
Алиоски се уште не го продолжи договорот со Лидс и се поизвесно е дека тој ќе го напушти „Илан роуд“. Доколку премине во Наполи, Македонија ќе има дури двајца репрезентативци во Наполи, бидејќи популарниот Џани ќе му се приклучи на Елиф Елмас кој од 2019 е дел од калчолигашот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА