Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за премиерниот настап во Б дивизијата од Лигата на нации. Репрезентативците четири дена се подготвуваат во Скопје, за предизвиците што не очекуваат во овој прозорец и четирите натпревари во само десет дена.
А, почнуваме против Швајцарија меч кој е закажан за во сабота на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Еден од најдобрите во репрезентацијата Елиф Елмас на денешната прес-конференција ги сумираше своите очекувања за мечот во Швајцарија.
„Очекувам тежок натпревар играме со силна репрезентација, знаеме кај стигна ова лето на Мундијалот, но ние сме максимално спремни и ќе дадеме се од себе за позитивен резултат. Ние бевме млади кога дојдовме, сега ни е чест да ги пречекаме новите, знаеме како е кога ќе дојдете првпат тука, на секој му е чест да игра за својата држава. Дури мислам дека и повеќе треба да даваме шанса на младите да собираат искуство”, изјави Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
