Елмас го доби дуелот со Нестор во последен миг, голем триумф за Пандев и Џенова

Наполи славеше против Удинезе со 2-1 на „Сан Паоло“ во македонската пресметка од Серија А. Илија Несторовски беше стартер за Удинезе и го одигра целиот меч, а не  му беше признат и погодок поради офсајд позиција. Елиф Елмас влезе во игра во 80.минута во составот на „наполитанците“. Родриго де Пол донесе предност за Удинезе во 22.минута, а израмни Аркадиуш Милик девет минути подоцна. Победничкиот гол беше дело на Матео Политано во 95.минута од овој меч.

Горан Пандев и Џенова остварија голема победа над Лече (2-1) на домашен терен. Сега Џенова има четири бода повеќе од Лече во битката за опстанок во Серија А. Санабрија го отвори резултатот, Манкосу не реализира пенал за Лече, но потоа беше стрелец на израмнувачки погодок во 60.минута. Џенова дојде до победа со автоголот на Габриел во 81.минута од дуелот.

Фиорентина славеше против Торино со 2-0, Бреша со пресврт го доби Спал со 2-1, а Сампдорија со три гола во второто полувреме победи против Парма на гости со 2-3.

Се вчитува...