Елмас и Наполи го победија Јуве, Гатузо преживеа (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Наполи победија против Јувентус со 1-0 во дерби пресметката од 21. коло во Серија А.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот доволен за три бода на „наполитанците“ беше Инсиње од пенал во 16. минута од средбата…

До крајот Јувентус активно се обидуваше да дојде барем до израмнување, но безуспешно.

Елмас во играл влезе во 65. минута на местото на Зјелински, но без посериозна можност за загрозување на противничкиот гол.

Оваа победа значи и останување на Џенаро Гатузо на клупата на Наполи, барем уште за некој период, ако се суди според најавите на италијанските медиуми дека со сигурност заминува од Неапол.

Се вчитува...