Елмас испиша историја за Наполи – Втор најмлад капитен во историјата на клубот

Македонскиот фудаблски репрезентативец Елјиф Елмас натпреварот против Кремонезе во Копа Италија ќе го памети засекогаш. „Дијамантот“ вечерва е капитен на Наполи на „Диего Марадона“, првпат на еден официјален меч откако во август лани на пријателски меч против нисколигашот Јуве Ставија (3-0) првпат ја носеше капитенската лента.

Македонскиот репрезентативец од 2019 година е дел од Наполи, па тимот што го извади Лучано Спалети на мечот со Кремонезе, практично е најискусен, иако „дијамантот“ има 23 години и со ова стана најмладиот капитен на Наполи на еден меч по Лоренцо Инсиње.

Инсиње, исто така на 23 години првпат ја имаше капитенската лента на поранешниот двоен италијански првак.

Се вчитува...