Елмас во јуни од Наполи во Бенфика за 20 милиони евра!?

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на крајот од сезоната би можел да го напушти Наполи и се пресели во португалска Бенфика, пренесува италијански „Наполи магазин“.

Како што пренесуваат Италијанците, во редовите на Наполи по лошата сезона се подготвени на комплетна реконструкција на тимот, а тоа значи и продажба на голем дел фудбалери меѓу кои и Елмас. За македонскиот репрезентативец веќе има официјална понуда од 20 милиони евра од Бенфика, која за Наполи, наводно, била прифатлива и доколку остане во важност до јули ќе биде прифатена.

„Елмас е можно да замине од Наполи затоа што не се интегрираше најдобро во тимот. Македонецот многу го сака Бенфика и ако понудата од 20 милиони остане, тогаш лесно може да замине од клубот“ – пишуваат Италијанците.

Претходно за услугите на Елуф Елмас имаше интерес и од Борусија Дортмунд, Лидс и Менхенгладбах.

Се вчитува...