Емери во елитно друштво – само тројца пред него се со пет европски трофеи

Унаи Емери продолжи да испишува историја откако синоќа стана првиот тренер со пет трофеи во Лигата на Европа, успех што е уште поголем ако се знае дека е остварен со три различни клубови.

Шпанскиот стратег освои три пехари во низа во ова натпреварување со Севилја, во 2021 го крена трофејот и со Вилјареал, за синоќа да го повтори успехот и како предводник на Астон Вила.

Со тоа, Емери стана само четврти тренер во историјата што освоил пет трофеи во европските натпреварувања под капата на УЕФА.

Прв кому тоа му успеало е Џовани Трапатони, кој во 1985 го освои Купот на Европските Шампиони со Јувентус, со „старата дама“ стигна и до два пехаари во Купот на УЕФа (1977 и 1993) и еден во Купот на Победниците на Куповите (1984). Покрај тоа, ТРапатони се закити и со пехарот во Купот на УЕФА како предводник на Интер во 1991 година.

Жозе Мурињо исто така е дел од оваа листа со две титули ЛШ, со Порто во 2004 и со Интер во 2010, потоа во Купот на УЕФА со Порто во 2003, во Лигата на Европа со Манчестер јунајтед во 2017 и во Конференциската лига на УЕФА со Рома во 2012 година.

На врвот се наоѓа актуелниот селектор на Бразил, легендарниот Карло Анчелоти кому сите пет европски трофеи му се од Лигата на Шампионите. „Дон Карло“ првите две ги освои како предводник на Милан во 2003 и во 2007 година, по што следеа уште три на чело на Реал Мадрид (2014, 2022 и 2024).

Се вчитува...