Емил Павлов: Четврти медал од европски првенства, благодарност до сите што веруваа во мене

Македонскиот каратист Емил Павлов уште еднаш ја потврди својата врвна класа, освојувајќи бронзен медал на Европското првенство во Шпанија. Тоа е четврти медал за штипјанецот од европските првенства.

„Четврти медал од европски првенства. Голема благодарност до сите што веруваа во мене и ме подржуваа, пред се моите тренери Сашко Арсовски и Жарко Арсовски, до КФМ, АМС, МОК, до најголемиот подржувач на спортот Кирил Гогов, кој ни овозможи прекрасни услови за подготовки во „Хотел Гогов“ и до компанијата „Телекабел“, до моето семејство, и до сите вас пријатели за честитките“, истакна Емил Павлов на социјалните мрежи.

Се вчитува...