Емил Павлов и Ангела Мојсовска најдобри каратисти за 2018 година

Карате федерацијата на Македонија ги прогласи најдобрите за 2018 година. Највискоките признанија за изминатата година им припаднаа на Емил Павлов во машка и на Ангела Мојсовска во женска конкуренција.

Прогласени беа и најпобрите поединци по категории. Наградите во кати, во сениорска конкуренција им припадна на Пуликсенија Јовановска и на фери Исиќ.

Во конкуренција на помлади сениори најуспешни се Матеја Талеска и Јован Васиќ во кати и Вероника Костовска и Петар Спасеноски во кумите.

Најуспешни во јуниорска конкуренција се Владанка Аврамова и Александар Неделковски (кати) и Маја Милева и Фаик Весели (кумите).

Наградите за најдобри кадети им припаднаа на Јована Начевска и Кристијан Бајовски (кати) и Магдалена Божиновска и Марио Свинарски (кумите).

Најдобра клуп во сениорска конкуренција е КК Штип, а во младинска конкуренција тоа е КК Олимпик спорт 2007 од Скопје.

Најдобар тренер во сениорска конкуренција е Сашо Арсовски од КК Штип, а за најуспешен тренер во младинска категорија е прогласен Александар Кузмановски од КК Олимпик.

Се вчитува...