Емил Павлов македонски знаменосец во Тарагона

Каратистот Емил Павлов ќе го носи македонското знаме на церемонијата на отворањето на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија.

„Голема и заслужена чест за голем спортист, кој со своите врвни резултати, но и со своети однесување надвор од татамито, е вистински пример за сите млади македонски сортисти“ – стои известувањето од МОК.

На Медитеранските игри во Тарагона што се одржуваат од 22 јуни до 1 јули, Македонија ќе биде застапена со 71 спортист во 15 спортови.

Се вчитува...