Емил Рајковиќ елиминиран во полуфиналето од полскиот плејоф

Емил Рајковиќ не успеа да приреди сензација и да се пласира во големото финале од плејофот во полскиот шампионат, откако со својот тим Остров Виелкоповски ја загуби мајсторката против фаворитот Зјелона гора со убедливи 95-71.

Зјелона гора ги доби првите две домашни средби за водство од 2-0 во ова полуфинале, Рајковиќ и неговите избраници возвратија со два триумфи пред своите гледачи, но тимот на македонскиот стратег не успеа да одговори на предизвикот на денешниот решавачки натпревар. Остров добро се држеше се до последната четвртина, кога Зјелона гора одигра фуриозни десет минути, го доби овој период со преубедливи 27-6 и стигна до заслужена победа.

Рајковиќ оствари огромен успех со оглед на фактот дека при неговото доаѓање тимот се наоѓаше до самото дно на табелата, тој со 13 победи во низа успеа да го искачи на третата позиција, ја мина и првата пречка во плејофот, а малку недостигаше и да обезбеди пласман во големото финале.

Се вчитува...