Емоциите посилни од се: Буфон не издржа на церемонијата на ФИФА

Наградата за најдобар голман во 2017 година замина во рацете на Џанлуиџи Буфон.

Италијанскиот голман зад себе има одлична сезона со Јувентус со кого стигна до двојната круна во Италија, па сосема заслужено стигна до признанието на церемонијата на ФИФА во Лондон, со гласови далеку пред сите конкуренти.

А колку сето тоа му значеше се виде кога популарниот Џиџи се појави на бината. Успеа некако да ги задржи емоциите при примањето на наградата, но кога го почна својот говор повеќе не можеше да издржи, пуштајќи и солзи кои најдобро покажаа колку му значи изборот за најдобар голман, иако веќе има 39 години…

bufon 2

Се вчитува...