Енди Мареј сака да учествува на УС опен

Поранешниот најдобар тенисер во светот, Енди Мареј потврди дека се подготвува за учество на УС опен. И покрај тешката ситуацијата предизвикана од пандемијата од коронавирусот која што е во САД, организаторите не се откажуваат од организирање на УС опен.

„Пред четири или пет недели се сомневавме дека турнирот ќе се одржи. Но, во еден момент морате да почнете ментално да се подготвувате и да правите планови. Да не е така, распоредот би изгледал различно. Ја планирам како да ќе се одржи турнирот. Проблемот се патувањата, затоа постои одреден страв кај нас. Се надевам дека ќе се одржи УС опен, јас сакам да учествувам“, изјави Мареј.

Британецот планира да биде дел и од Мастерсот во Синсинати кој засега е планирано да се одржи пред „Флешинг Мидоус“.

Се вчитува...