Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди, останува дел од Коњаспор и во следната сезона. И покрај тоа што имаше шпекулации дека турскиот тим би можел да го продаде на една година од истекот на договорот, сепак, тоа нема да се случи.
Играчот од средниот ред и дефинитивно останува дел од Коњаспор и следната сезона, а од јануари веќе ќе може да преговара со други клубови, со оглед на фактот дека во јуни 2027 година му истекува договорот со турскиот тим.
Барди веќе четиори години е во Турција, откако претходно играше за Трабзонспор, па за Бодрум, и од минатата година е дел од Коњаспор. Тој не беше дел од репрезентацијата за мечевите со БиХ и со Турција, меѓутоа се очекува да биде способен за натпреварите во Лигата на Нации во септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
