Енрике: Не знам на кое ниво сме, но сакаме да го освиме трофејот

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, призна дека во овој момент нема јасна слика за тоа на кое ниво се неговите фудбалери.

Дел од играчите на францускиот шампион се приклучија на тренинзите минатата недела, додека некои дури завчера се вратија во тимот. Поради тоа, Луис Енрике смета дека ПСЖ сè уште не е во целосен натпреварувачки ритам.

Парижаните вечерва ќе се соочат со Астон Вила во натпреварот за Европскиот Суперкуп, кој ќе се одигра во Салцбург.

„Одморав цело лето. Свежи сме и среќни што се вративме. Постепено играчите се враќаат. Ја започнуваме сезоната со финале, што значи дека направивме добра работа минатата година. Нашата цел е да настапиме на високо ниво“, изјави Луис Енрике.

Шпанскиот стратег признава дека очекувањата се уште поголеми по историската сезона на ПСЖ, но предупреди дека успехот од минатото не гарантира нови трофеи.

„Од самиот почеток си поставуваме амбициозни цели. Сега сме во поинаква ситуација, бидејќи сите мислат дека можеме повторно да триумфираме. Но, ова е само теорија. Мораме да докажеме на теренот дека сме на вистинското ниво.“

Луис Енрике јасно порача дека ПСЖ повторно има највисоки амбиции, но вели дека патот до новите трофеи нема да биде едноставен.

„Нашата цел е повторно да победиме, но не е лесно, историјата го покажа тоа. Сакаме да ги надминеме оние тимови што ја постигнале тројната круна“, додаде тренерот на ПСЖ.

Се вчитува...