ЕП У18: Андреј Јакимовски е во петорката на шампионатот

Како најдобар стрелец на првенството со просек од 18,4 поени по натпревар и како трет најдобар скокач на шампионатот, Андреј Јакимовски се најде во најдобрата петорка на Европското првенство за играчи до 18 години, Б дивизија.

Јакимовски беше лидер на тимот кој не успеа да направи прогрес во А дизвијата и ги загуби двата натпревара кои можеа да го овозможат тоа. Македонскиот состав заврши на четвртото место по поразите во полуфиналето и во дуелот за третата позиција.

МВП на првенството е израелскиот кошаркар Ноам Шимон Доврат. Покрај него и Јакимовски во идеалната петорка се и Матеус Казовски од Полска,  Чехот Давид Бом и Пеле Ларсон од шведскиот национален тим.

 

 

Се вчитува...