ЕП во одбојка: За 50 евра навивајте за Македонија на сите пет меча

Натпревари на македонската одбојкарска репрезентација во дебитантскиот настап на Европско првенство ќе може да се гледаат за 10 евра. Организаторот ги објави цените на билетите за дуелите во словенечката група во Љубљана. Најскапите влезници ќе чинат 20 евра, има и од 15, а ќе можат да се набават и билети за 10 евра.

Македонската репрезентација Европското првенство го почнува на 12. септември против Финска, потоа ќе игра редоследно со Турција, Русија, Белорусија и на крај со домаќинот Словенија.

Билетите може да се купат на следниот линк

Се вчитува...