Епски кам-бек на Никс: Њујорк се врати од минус 30 и е на чекор до титула во НБА (ВИДЕО)

Кошаркарите на Њујорк никс се на само победа до освојување на титулата во НБА лигата откако поведоа со 3-1 во финалната серија против Сан Антонио спурс.

Никс во Медисон сквер гарден синоќа славеа во трилер меч со 107-106. Уште поголема е победата бидејќи гостинот во еден период од мечот, на стартот на третиот период имаше и предност од 52-81.

Сепак до крајот избраниците на Мајк Браун одиграа неверојатно и стигнаа до триумф од 107-106 за водство од 3-1 во финалната серија.

Џејлен Брансон со 36 поени беше прво име кај победникот, додека ОЏ Ануноби уфрли 33 поени меѓу кои и победничките на 1.3 секунда до крајот. Кај поразените недоволни беа 24 поени на Виктор Вембањама.

Се вчитува...