Епски пресврт: Ја ИЗВИСИ БАРСЕЛОНА и потпишува за РЕАЛ МАДРИД

Иако се веќе беше готово и договорено со Барселона, може да се случи епски пресврт, и да потпише за Реал Мадрид. Станува збор за португалскиот фудбалер Бернардо Силва кој е слободен агент од Манчестер Сити, откако му истече договорот и истиот не беше продолжен.

Според информациите од Шпанија, сега Силва е поблсику до „Сантијаго Бернабеу“, откако до трансфер на „Ноу Камп“. Ова би бил голем пресврт, со оглед дека Силва се поврзуваше со трансфер во Барса и на почетокот на минатата сезона, и тогаш трансферот беше пред реализација.

Но, во призната се вклучи Жозе Мурињо, па „португалската врска“ сега би можела да биде клучна. Инаку Силва пред СП изјави дека ќе донесе одлука за иднината по настапот на Мундијалот, а очигледно е дека таквиот потег следувал поради интересот од „кралевите“.

Се вчитува...