Епско финале во забивање: Џонс Џуниор до трофејот, Гордон го прескокна Тако Фол и остана без трофеј

Дуелот во забивање на олстар викендов во Чикаго со право привлече огромно внимание, оправдувајќи ги очекувањата на јавноста. Во финалето се најдоа Дерик Џонс Џуниор од Мајами и Арон Гордон од Орландо, а по ниа извонредни забивања на крајот трофејот заврши во рацете на Џонс Џуниор.

Мислењата на американската јавност се поделени, многумина сметаат дека Гордон неоправдано остана без пехарот. Имено, двајцата финалисти освојуваа максимални 50 поени за секое забивање се до обидот на Гордон за забивање преку највисокиот кошаркар во НБА, Тако Фол. Асот на Орландо го прелета Фол и заби со двете раце на обрачот, но жирито не беше воодушевено, па Гордон доби „само“ 47 поени за ова свое ремек-дело.

Џонс Џуниор во своето последно забивање дојде до 48 поени, што му беше доволно за освојување на пехарот.

Погледнете ги сите забивања од финалната серија и самите проценете, кој повеќе го заслужи трофејот…

Се вчитува...