Ердал Ракип официјално во Анталијаспор

Сега веќе екс македонскиот репрезентативец Ердал Ракип има нов клуб. Играчот од средниот ред како слободен агент потпиша за турскиот прволигаш Анталијаспор. Ракип го комплетираше трансферот, и потпиша 2,5 годишен договор.

Ракип досега беше дел од Малме, и му истече договорот со шведскиот тим на крајот од 2022 година, и истиот не беше продолжен. Иако имаше варијанти да се пресели и во Англија, сепак, на крајот се реши во Турција.

„Верувам дека ќе имам успешен период во мојата кариера. Од денот кога дојдов тука, убаво се чувствувам. Подготвен сум да дадам свој придонес за тимот да има шпто подобри резултати“, рече Ракип.

Ракип во новиот клуб ќе го носи дресот со број 6. Тој се одлучи да игра за Македонија пред извесно време, меѓутоа не се вклопи добро во националниот дрес, па од тука веројатно неговата репрезентативна кариера е завршена и тој ќе се посвети само на клупскиот фудбал.

Се вчитува...