Кристијан Ериксен постигна договор со Брентфорд. Данецот, со клубот од Лондон, договорил соработка до крајот на сезоната.
Кристијан Ериксен во Брентфорд пристигна како слободен играч, откако на почетокот на годината го раскина договорот со Интер.
Данецот, на ЕП во 2021 година, колабираше на теренот, во првиот меч против Финска. Соиграчите и лекарите му го спасија животот. Во Италија му забранија да игра фудбал, па тој се реши да ја прифати понудата од Брентфорд.
Ериксен во текот на својата кариера беше играч на Ајакс и Тотенхем.
✍ Welcome to Brentford, @ChrisEriksen8 👊#BrentfordFC 🐝 #EriksenJoins pic.twitter.com/O8h5WbdUZ2
— Brentford FC (@BrentfordFC) January 31, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА